Untitled Document
Gjuha/Јазик/Language: Shqip | Македонски | English
Untitled Document   Untitled Document
Услуги

GGF
Website sponsored by:
Gemeinden Gemeinsam Freiamt (GGF)

Почеток
08/08/2016
Повик за експерт/ка

Повик за експерт/ка

за подготовка на анализа за состојбата со имотните и наследните права на жените во Полошкиот регион

реф.бр. 56-1/16 од 08.08.2016

 

Вовед

Здружението Женски Форум Тетово, бара заинтересирани експерти за подготовка на анализа за состојбата со имотните и наследните права на жените во Полошкиот регион во рамките на проектот “Економско зајакнување на жените во полошкиот регион преку застапување и промовирање на нивните имотни права ” кој се реализира со поддршка на програмата на Цивика Мобилитас.

Целта на проектот е: Да се придонесе кон економско зајакнување на жените во Полошкиот регион. Преку специфичната цел на проектот ќе се настојува: Да се поттикне и придонесе кон остварувањето на имотните (и наследните) права на жените во Полошкиот регион.

 

Опис на работните задачи

Ангажманот ќе вклучува подготовка на прашалник врз основа на кој ќе биде спроведено теренско истражување кое ќе има за цел констатирање на состојбите во поглед на уживањето на правата на имот и наследување кај жени од урбани и (со особен фокус) рурални средини во Полошкиот регион, како и детектирање на основните бариери кои го оневозможуваат остварувањето на овие права како и подготовка на сумарна анализа на резултатите од спроведеното теренско истражување. Сознанијата ќе бидат во функција на дизaјанирање на поефективен пристап во информативната кампања за значењето на правата на имот и наследување и ќе претставуваат основа за иницирање на соработка со граѓански организации, локална самоуправа, преставници од правосудниот систем, медиумите, во создавањето на системска поддршка за жените во остварувањето на овие права

 

Тип на договор и надоместок

Ангажманот се заснова на плаќање по испорачана услуга.

Услугата вклучува 6 работни дена со следниве специфични обврски:

  1. Подготовка на прашалник за врз основа на кој ќе биде спроведено теренско истражување кое ќе има за цел констатирање на состојбите во поглед на уживањето на правата на имот и наследување кај жени од урбани и (со особен фокус) рурални средини во Полошкиот регион, како и детектирање на основните бариери кои го оневозможуваат остварувањето на овие права (2 дена)
  2. Подготовка на сумарна анализа со резултатите од спроведеното истражување (4 дена)

 

Потребни квалификации

Експертот треба да ги поседува следните квалификации и вештини:

  • завршено високо образование и искуство во подготовка на анализи од теренски истражувања
  • експертиза од областа на род и родови односи 
  • познавање на политиките за родова еднаквост во Македонија
  • претходно искуство во подготовка на исти или слични продукти
  • познавање на политиките во однос на имотно правните и наследно правните односи во Р.М. ќе се смета за предност
  • познавање на албански јазик ќе се смета за предност

Потребна документација

Понудата треба да го содржи следново:

  • Детална биографија (CV)
  • Писмо за интерес со реферци за претходни и слични  ангажмани
  • Буџет

Критериуми за избор

Критериум за избор на експертот се:

  • експертиза од  областа на род и родови идноси  (50 поени)
  • претходно искуство во подготовка на слични продукти  (30 поени)
  • цена на чинење (20 поени)

Рок за пријавување

Пријавите со придружната документација треба да се достават најдоцна до 14-ти Август 2016 година по електронска пошта на: info@forumi.org.mk

 
Untitled Document
Фото галерија



Untitled Document
 
 
© Women's Forum - Tetovë, Macedonia 2011