Untitled Document
Gjuha/Јазик/Language: Shqip | Македонски | English
Untitled Document   Untitled Document
Услуги

GGF
Website sponsored by:
Gemeinden Gemeinsam Freiamt (GGF)

Почеток
20-03-2023
Повик за експерт/ка

Повик за експерт/ка
 за подготовка на анализа за утврдување на актуелната состојба за учеството на граѓаните со посебен осврт на жените во процесите на донесување одлуки во следните општини од Тетовскиот регион: Тетово, Јегуновце, Теарце, Боговиње, Брвеница и Желино

реф.бр. 03-11/12 од 23.03.2018

Вовед
Здружението Женски Форум Тетово, распишува повик за заинтересиранa експерт/кa за подготовка на анализа за утврдување на актуелната состојба за учеството на граѓаните со посебен осврт на жените во процесите на донесување одлуки во следните општини од Тетовскиот регион: Тетово, Јегуновце, Теарце, Боговиње, Брвеница и Желино. Овој повик е дел од проектот:  “Подобрување на гласот на граѓаните, особено на гласот на жените во процесите на донесување одлуки на локално ниво” поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Цел на проектот е: Да се зголеми свесноста на граѓаните, особено жените за нивните права и потребата за партиципативна демократија за да се обезбеди добро владеење и развој на заедницата.
Опис на работните задачи
Ангажманот е предвидено да вклучува: 
1.    Подготовка на 2 вида на прашалници и тоа: 
-    Првиот вид на прашалник ќе биде наменет за теренски (врата до врата) анкети со граѓаните на општините од Тетовскиот регион (Тетово, Јегуновце, Теарце, Боговиње, Брвеница и Желино) 
-    Вториот прашалник ќе биде наменет за интервјуа на фокус групи со претставници од општините од  Тетовскиот регион (Тетово, Јегуновце, Теарце, Боговиње, Брвеница и Желино). 

Врз основа подготвените прашалници, ќе биде спроведено истражување кое ќе има за цел: 
-    Да ја разгледа актуелната состојба за граѓанското учество во процесот на креирање на политики на локално ниво, и 
-    Да ја разгледа актуелната состојба на постоечките формални и неформални механизми и практики на граѓанско учество во процесот на креирање на политики на локално ниво во различни општини.  
2.    Подготовка на сумарна наративна анализа врз основа на резултатите од спроведеното истражување за актуелната состојбата со учеството на граѓаните во процесите на донесување одлуки во општините на Тетовскиот регион (Тетово, Јегуновце, Теарце, Боговиње, Брвеница и Желино).

Сознанијата од спроведеното истражување, ќе бидат во функција на дизaјнирање на поефективен пристап во информативна кампања за значењето на партиципативната демократија и можности за граѓанско учество. Дополнително тие ќе претставуваат основа за иницирање на поефективна соработка на граѓаните и локалната самоуправа.
Тип на договор и надоместок
Ангажманот се заснова на исплата по испорачана услуга.
Услугата вклучува 6 работни дена со следниве специфични обврски:
1.    Подготовка на 2 вида на прашалници за спроведување на истражување за актуелната состојба за учеството на граѓаните во процесите на донесување одлуки во општините од Тетовскиот регион (Тетово, Јегуновце, Теарце, Боговиње и Желино) - 4 дена. 
2.    Подготовка на сумарна наративна анализа со резултатите од спроведеното истражување - 6 дена. 

Потребни квалификации
Експертот треба да ги поседува следните квалификации и вештини:
•    завршено високо образование и искуство во подготовка на анализи од теренски истражувања;
•    експертиза од областа на род, родови односи и партиципативна демократија;  
•    познавање на политиките за родова еднаквост во Р. Македонија;
•    познавање на политиките за граѓанско учество во Р. Македонија;
•    претходно искуство во подготовка на исти или слични продукти;
•    познавањето на албански јазик ќе се смета за предност;
Потребна документација 
Понудата треба да го содржи следново:
•    Детална биографија на кандидатот (CV);
•    Писмо за интерес со референци за претходни и слични  ангажмани и
•    Понуда за буџет за спроведениот ангажман. 
                           
Критериуми за избор
Критериум за избор на експертот се:
•    експертиза од областа на род, родови односи и партиципативна демократија  (50 поени);
•    претходно искуство во подготовка на слични продукти  (30 поени) и 
•    цена на чинење (20 поени)
Рок за пријавување 
Пријавите со придружната документација треба да се достават најдоцна до 29-ти Март 2018 година по електронска пошта на: info@forumi.org.mk. 
 

 
Untitled Document
Фото галерија



Untitled Document
 
 
© Women's Forum - Tetovë, Macedonia 2011