Untitled Document
Gjuha/Јазик/Language: Shqip | Македонски | English
Untitled Document   Untitled Document
Услуги

GGF
Website sponsored by:
Gemeinden Gemeinsam Freiamt (GGF)

Почеток
Повик за експерт

Повик за експерт за подготовка на база на податоци

од спроведените прашалници на сегашната состојба со учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки во општините во Тетовскиот регион (Тетово, Јегуновце, Теарце, Боговиње, Бревеница и Желино)

 

Реф.бр. 03-47/1 од 11.11.2018

 

 

Вовед

Здружение Женски Форум Тетово распишува повик за заинтересиран/а експерт за подготовка на база на податоци. Експертот ќе биде задолжен да подготви софтвер за база на податоци, да ја анализира обработката на податоците, излезот на статистичките податоци и графиконите на спроведените прашалници за сегашната состојба со учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки во општините во Тетовскиот регион (Тетово, Јегуновце, Теарце, Боговиње, Бревеница и Желино).  Овој повик е дел од проектот: “Подобрување на гласот на граѓаните, особено на гласот на жените во процесите на донесување одлуки на локално ниво, поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Цел на проектот е: Да се зголеми свесноста на граѓаните, особено жените за нивните права и потребата за партиципативна демократија за да се обезбеди добро владеење и развој на заедницата.

 

Опис на работните задачи

Ангажманот е предвидено да вклучува:

  1. Подготовка на софтвер за база на податоци

Со цел да се стават податоците од прашалниците од печатена/хартиена верзија во компјутерски софтвер, потребна е база на податоци кој ќе им овозможи на вработените да ги внесат сите одговори од 700 од прашалникот во базата на податоци.

  1. Подготовка на анализа за обработка на податоци и изработка на статистички податоци и графикони

Оваа анализа ќе се создаде како излезни табели и графикони или графикони. Овие статистички податоци ќе покажат вкупен број искази, проценти итн. на статистичката популација и нивните одговори.

 

Вид на договор и надоместок

Ангажирањето се базира на плаќање по доставената услуга.

Услугата вклучува 9 работни дена со следниве специфични обврски:

- Подготовка на софтвер за база на податоци (4 дена) и

- Подготовка на анализа за обработка на податоци и изработка на статистички податоци и графикони (5 дена).

 

Потребни квалификации

Експертот треба да ги има следните квалификации и вештини:

  • Завршено високо образование за ИТ инженер или ИТ аналитичар;
  • Претходно искуство во подготовката на истите или слични производи и
  • Познавањето на албанскиот јазик ќе се смета за предност.

 

Потребна документација

Понудата треба да го содржи следново:

  • Детална биографија на кандидатот (CV);
  • Писмо за интерес со референци за претходни и слични  ангажмани и
  • Понуда за буџет за спроведениот ангажман изразена во денари во бруто износ.

                   

Критериуми за избор

Критериум за избор на експертот се:

  • Експертиза за ИТ софтвер и ИТ анализи (50 поени);
  • Претходно искуство во подготовка на слични продукти  (30 поени) и
  • Цена на чинење (20 поени)

 

Рок за пријавување

Пријавите со придружната документација треба да се достават најдоцна до 9-ти Неомври 2018 година по електронска пошта на: info@forumi.org.mk до 17:00 часот.

 
Untitled Document
Фото галерија



Untitled Document
 
 
© Women's Forum - Tetovë, Macedonia 2011