Untitled Document
Gjuha/Јазик/Language: Shqip | Македонски | English
Untitled Document   Untitled Document
Услуги

GGF
Website sponsored by:
Gemeinden Gemeinsam Freiamt (GGF)

Почеток
20-02-2013
Повик за експерт/ка

Повик за експерт/ка

За подготовка на анимирано видео/видеа

со цел информирање за тоа како членовите на општеството можат да се ангажираат во органите за донесување одлуки на локално ниво.

реф.бр. 03-2/1 од 13.02.2019

 

Вовед

Здружението Женски Форум Тетово, распишува повик за заинтересиран експерт/кa за подготовка на анимирано видео/видеа со цел информирање за тоа како членовите на општеството можат да се ангажираат во органите за донесување одлуки на локално ниво  во следните општини од Тетовскиот регион: Тетово, Јегуновце, Теарце, Боговиње, Брвеница и Желино. Овој повик е дел од проектот: “Подобрување на гласот на граѓаните, особено на гласот на жените во процесите на донесување одлуки на локално ниво поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Цел на проектот е: Да се зголеми свесноста на граѓаните, особено жените за нивните права и потребата за партиципативна демократија за да се обезбеди добро владеење и развој на заедницата.

Опис на работните задачи

Ангажманот е предвидено да вклучува:

Подготовка на анимирано видео:

Да се подготват три (3) анимирани  видеа зависно од проектните активности и потреби.

Видета да бидат долги од 30 до 60 секунди и да бидат изготвени на македонски и албански јазик. Доколку е потребно видеото да биде поддржано со звучно изразување или да има текст/читање тоа да биде изготвено на македонски и албански јазик и истото да влезе во една единствена услуга и буџет.

Во видеото треба да се прикажат: учеството на граѓаните во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, прашањата за кои е надлежна општината а ги засегаат граѓаните, проблемите со кои се соочуваат граѓаните на локално ниво, форми на граѓанско учество и сл. Како финална порака од видеото треба да произлезе иницирање на поефективна соработка на граѓаните и локалната самоуправа. 

За изработка на видеото Женски Форум Тетово располага со податоци од спроведено истражување во Тетовскиот регион кои можат да помогнат и истите може да ги стави на располагање на експертот доколку има потреба.  

Од експертот се очекува да има соодветна опрема за подготовка на ваков мултимедијален продукт.

Од експертот се очекува прва верзија на видеата да подготви до 05.03.2019 а финална верзија најдоцна до 15.03.2019.

 

 

 

Тип на договор и надоместок

Ангажманот се заснова на исплата по испорачана услуга.

Услугата вклучува 10 работни дена со следниве специфични обврски:

  • Подготовка на анимирани видеа (максимум 3) зависно од потребите на проектот и проектните активности;
  • Видедото да биде звучно поддржано и подготвено на македонски и албански јазик, доколку видеото има вклучено текст, истиот да биде прикажан на македонски и албански јазик;
  • Дизајнот што вклучува лого на Здружението и лого на проектот на УСАИД за Граѓанско учество треба да биде соодветно изработено според правилата на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество за кои експертот ќе биде однапред известен и
  • Флексибилност од страна на експертот во однос на работа и работни денови, според потреба.
  • Експертот за изработка на видеото ќе треба да користи негова лична опрема, Здружението Женски Форум Тетово не располага со опрема за креирање на мултимедијални продукти.

 

Потребни квалификации

Експертот треба да ги поседува следните квалификации и вештини:

  • завршено високо образование во областа на ИТ;
  • искуство со работа и изработка на слични анимирани продукти и
  • познавањето на албански јазик ќе се смета за предност.

Потребна документација

Понудата треба да го содржи следново:

  • Детална биографија на кандидатот (CV);
  • Писмо за интерес со референци за претходни и слични  ангажмани;
  • Понуда за буџет за спроведениот ангажман и
  • Да се испрати сличен пример од претходно изработени анимирани продукти.

                         

Критериуми за избор

Критериум за избор на експертот се:

  • експертиза од областа на подготвка на анимирани продукти (50 поени);
  • претходно искуство во подготовка на слични продукти  (30 поени) и
  • цена на чинење (20 поени).

Рок за пријавување

Пријавите со придружната документација треба да се достават најдоцна до 22-ти  февруари 2019 година по електронска пошта на: info@forumi.org.mk.

 
Untitled Document
Фото галерија



Untitled Document
 
 
© Women's Forum - Tetovë, Macedonia 2011