Untitled Document
Gjuha/Јазик/Language: Shqip | Македонски | English
Untitled Document   Untitled Document
Услуги

GGF
Website sponsored by:
Gemeinden Gemeinsam Freiamt (GGF)

Почеток
20-02-2013
Повик за консултант/ка

Повик за консултант/ка кој/а ќе работи со 7 (седум) работни групи за еднакви можности формирани и дел од општините од Тетовскиот регион: Тетово, Јегуновце, Теарце, Боговиње, Брвеница и Желино

реф.бр. 03-1/1 од 13.02.2019

 

Вовед

Здружението Женски Форум Тетово, распишува повик за заинтересиран/а консултант/ка кој/а ќе работи со 7 (седум) работни групи за еднакви можности формирани и дел од следните општини од Тетовскиот регион: Тетово, Јегуновце, Теарце, Боговиње, Брвеница и Желино. Овој повик е дел од проектот:  “Подобрување на гласот на граѓаните, особено на гласот на жените во процесите на донесување одлуки на локално ниво поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Цел на проектот е: Да се зголеми свесноста на граѓаните, особено жените за нивните права и потребата за партиципативна демократија за да се обезбеди добро владеење и развој на заедницата.

Опис на работните задачи

Ангажманот е предвидено да вклучува:

  1. Формирање на работните групи

Прва група – општина Тетово:

Координатор за еднакви можности на општина Тетово, две обучени активистки, 18 претставници на локалните урбани месни заедници;

            Втора група – општина Тетово:

Координатор за еднакви можности на општина Тетово, две (други) обучени активистки, 9 претставници локални руралните месни заедници;

            Пет групи за сите рурални општини на Тетовскиот регион (општина Боговиње, Јегуновце, Желино, Теарце, Брвеница).

Координатори за еднакви можности од секоја рурална општина, 2 обучени активистки од секоја рурална општина, 2 претставници од руралните локални месни заедници од секоја рурална општина.

  1. Состаноци со работните групи за изработка на предлози и претставки и доставување на општината;
  2. Мониторирање (заедно со членовите на работните групи) на напредокот и прифатеноста на доставените предлози и претставки до општината;
  3. Поднесување на месечни извештаи за текот и водењето на работата до проектниот тим на Здружение Женски Форум Тетово;
  4. Подготовка на мониторинг извештаи за секоја од горенаведените општини и
  5. Флексибилност во однос одржување на состаноците на работните групи (потреба од патување по рурални општини).

 

Тип на договор и надоместок

Ангажманот се заснова на исплата по испорачана услуга.

Услугата вклучува ангажман од две години (24 месеци) со следниве специфични обврски:

  1. Формирање на работните групи (контактирање на членови кои ќе бидат дел од работните групи);
  2. Редовно одржување на состаноци со работните групи;
  3. Подготовка на претставки и предлози заедно со работните групи кои ќе бидат доставени до општините;
  4. Мониторирање на поднесените претставки и предлози доставени до општините;
  5. Подготовка на мониторинг извештаи за секоја од горенаведените општини;
  6. Поднесување на месечни извештаи за работата на работните групи до проектниот тим на Здружение Женски Форум Тетово и
  7. Флексибилност во однос одржување на состаноците на работните групи (потреба од патување по рурални општини).

 

Потребни квалификации

Експертот треба да ги поседува следните квалификации и вештини:

  • завршено високо образование и искуство во подготовка на мониторинг извештаи;
  • експертиза од областа на род, родови односи и партиципативна демократија; 
  • познавање на политиките за родова еднаквост во Р. Македонија;
  • познавање на политиките за граѓанско учество во Р. Македонија;
  • претходно искуство во работа со претставници на локалната самоуправа и претставници на заедницата/месни заедници и
  • искуство со работа во локалните самоуправи во Тетовскиот регион.

Потребна документација

Понудата треба да го содржи следново:

  • Детална биографија на кандидатот (CV);
  • Писмо за интерес со референци за претходни и слични ангажмани и
  • Понуда за буџет за спроведениот ангажман.          

         

Критериуми за избор

Критериум за избор на експертот се:

  • експертиза од областа на род, родови односи и партиципативна демократија и подготовка на мониторинг извештаи (50 поени);
  • претходно искуство со работа во општините (посебно општините од Тетовскиот регион (30 поени) и
  • цена на чинење (20 поени)

Рок за пријавување

Пријавите со придружната документација треба да се достават најдоцна до 20-ти февруари 2019 година по електронска пошта на: info@forumi.org.mk.

 
Untitled Document
Фото галерија



Untitled Document
 
 
© Women's Forum - Tetovë, Macedonia 2011