Untitled Document
Gjuha/Јазик/Language: Shqip | Македонски | English
Untitled Document   Untitled Document
Услуги

GGF
Website sponsored by:
Gemeinden Gemeinsam Freiamt (GGF)

Почеток
Повик за ангажман за подготовка анимирано видео

17.9.2021

Да се подготват 2 анимирани видеа. Видеoтo да бидe изготвенo на македонски и албански јазик. Доколку е потребно видеото да биде поддржано со звучно изразување или да има текст/читање тоа да биде изготвено на македонски и албански јазик.

Продуктите треба да содржат информации кои ќе придонесат за превенција и заштита на повредени човекови права на жените од Полошкиот регион и на пошироката популација. Продуктите да бидат прилагодени за маргинализирани заедници – жени жртви на насилство и жени со повредени права на сопственост и имотни права од рурални, суб урбани и ромски населби во Полошкиот регион.

За изработка на продуктите Здружение Женски Форум Тетово располага со информации и податоци од своето досегашно работење кои можат да помогнат и истите ќе ги стави на располагање на избраниот консултант/компанија доколку има потреба. 

Од компанијата се очекува да има соодветна опрема за подготовка на бараните продукти. Од компанијата се очекува видеотео да биде подготвено до 1.10.2021 

Тип на договор и надоместок

Ангажманот се заснова на исплата по испорачана услуга.

Услугата ги вклучува следниве специфични обврски:

  • Продуктите да бидат подготвени на македонски и албански јазик, соодветно на описот даден погоре;
  • Дизајнот што вклучува лого на Здружението и логоа на Фондацијата Kvinna till Kvinna, СИДА соодветно изработен според правилата на проектот за кои компанијата ќе биде однапред известена
  • Компанијата за изработка на продуктите ќе треба да користи нејзина опрема.

Потребни квалификации

  • искуство со работа и изработка на слични продукти и

Потребна документација

Понудата треба да го содржи следново:

  • Понуда за буџет за спроведениот ангажман и

                         

Рок за пријавување

Пријавите со придружната документација треба да се достават најдоцна до 24.9.2021 година по електронска пошта на: info@forumi.org.mk.

 
Untitled Document
Фото галерија



Untitled Document
 
 
© Women's Forum - Tetovë, Macedonia 2011