ПОВИК
ЗА АНГАЖМАН 
НА МОДЕРАТОР/КА
НА ДИСКУСИЈА 
ВО
ФОКУС ГРУПА
СО
МАРГИНАЛИЗИРАНИ
ЖЕНИ 
 
Здравствениот
систем во
Северна
Македонија
со години се
соочува со
сериозни
предизвици
поврзани со
коруптивни
практики, кои
го
намалуваат
квалитетот и
достапноста на
здравствените
услуги.
Истражувањата
укажуваат
дека
граѓаните, а
особено
жените од
маргинализираните
заедници,
често се изложени
на директни
или
индиректни
барања за
неформални
плаќања,
непотизам и
дискриминација
при
пристапот до
здравствена
заштита. Овие
појави не
само што ја
поткопуваат
довербата во
институциите,
туку создаваат
дополнителни
бариери за
еднаков
пристап до
основното
човеково
право –
здравје.
Корупцијата
во
здравството
има и изразена
родова
димензија.
Жените,
особено оние
кои живеат во
сиромаштија,
во рурални
средини или
кои
припаѓаат на
ромската
заедница, се
соочуваат со
двојна
нерамноправност:
од една
страна
поради
нивниот
економски и
социјален
статус, а од
друга поради
родовите стереотипи
и
дискриминаторските
практики во
институциите.
Непостоењето
ефикасни и
доверливи
механизми за
пријавување
дополнително
ја засилува
нивната
ранливост и
создава
чувство на
беспомошност.
Постоечките
механизми за
пријавување
корупција се
недоволно
функционални,
со ограничена
транспарентност
и слаб
капацитет за
постапување.
Институциите
ретко обезбедуваат
јасни
информации и
поддршка за граѓаните,
а
здравствените
работници
немаат
соодветна
обука за
етичко
постапување и
справување
со случаи на
корупција.
Истовремено,
јавната
дебата за
оваа тема
останува
ограничена, а
медиумите
често
известуваат
на начин кој
не ги
препознава
родовите аспекти
и штетните
последици за
ранливите
групи.
Проектот
„Посилен
систем за
поправедна
здравствена
заштита:
Намалување
на корупцијата“
е дизајниран
да одговори
токму на овие
проблеми. Тој
има за цел да
ја зголеми
отчетноста и
транспарентноста
во здравствениот
систем преку
зајакнување
на жените и граѓаните
да
пријавуваат
корупција,
јакнење на
капацитетите
на
здравствените
работници за
препознавање
и превенција
на коруптивни
практики и
зајакнување
на институционалните
механизми за
постапување.
Преку
едукативни
активности,
јавни кампањи
и
застапувачки
иницијативи,
проектот ќе
придонесе
кон создавање
систем во кој
граѓаните ќе
имаат доверба
дека нивниот
глас е
слушнат, а
нивните права
се заштитени.
Проектот е
поддржан од
Француската
Развојна
Агенција - Expertise France.
 
1.1.        
Ангажман и
работни
задачи
 
Модераторот/ката
ќе биде
ангажиран/а
за модерирање
на дискусија
во една фокус
група со
маргинализирани
жени од
Полошкиот регион
(Ромки, жени
од рурални
средини,
бремени жени
и жени со
ниски
приходи), врз
основа на
веќе
подготвено
сценарио.
Модераторот/ката
ќе учествува
на онлајн обука
(инструктажа)
за
модерирање
на дискусијата
 
 
1.2.
Очекувани
резултати
·       
Транскрипт
од
дискусијата
·       
Извештај
со препораки
и заклучоци
од дискусијата
 
1.3 . Квалификации
·       
Завршено
високо
образование
во областа на
општествени
науки
(социологија,
психологија,
комуникологија,
политички
науки, родови
студии или
сродни
области);
·       
Минимум
2 години
релевантно
искуство во
модерирање
или
фасилитирање
на фокус
групи, работилници
или јавни
дискусии;
·       
Познавање
на теми
поврзани со
родова еднаквост,
човекови
права и
социјална
инклузија;
·       
Искуство
во работа со
маргинализирани
групи
(особено
жени, Ромки,
лица со ниски
приходи,
жители на
рурални
средини и
слично);
·       
Добри
комуникациски
и
организациски
вештини;
·       
Посакувано
е познавање
на локалниот
контекст и
можност за
водење
дискусија на
македонски, албански и/или
ромски јазик.
 
1.4.
Времетраење
Ангажманот
и работните
задачи е
предвидено
да завршат до
31.10.2025.
 
1.5.
Потребна
документација
за
аплицирање
·       
Кратка
биографија (CV)
со нагласено
релевантно
искуство;
·       
Мотивациско
писмо во кое
кандидатот/ката
го објаснува
својот
интерес и
пристап кон модерирање
на фокус
група со
маргинализирани
жени;
·       
Пример
од претходна
работа
(доколку
постои,
извештај или
референца од
сличен
ангажман);
·       
Контакт
информации
од најмалку
едно лице за
препорака;
·       
Изјава
за
достапност
во
наведениот
период (до 31.10.2025).
 
 
1.6.
Критериуми
за селекција
·       
Релевантност
на
образованието
и професионалното
искуство (40%);
·       
Искуство
во работа со
маргинализирани
заедници и
чувствителност
кон родови
прашања (30%);
·       
Квалитет
на
мотивациското
писмо и
усогласеност
со целите на
проектот (20%);
·       
Локално
познавање и
комуникациски
вештини (10%).
 
1.7.
Начин и рок
за
аплицирање
Потребната
документација
да се достави
по
електронска
пошта на
адресата info@forumi.org.mk, со
назнака: Повик
за ангажман
на модератор/ка
на дискусија
во фокус
група со
маргинализирани
жени.
Краен
рок за
доставување
на
документите
е 16 октомври
2025 година до 11 часот.