Untitled Document
Gjuha/Јазик/Language: Shqip | Македонски | English
Почеток
ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДА за набавка на освежување и оброк за учеснички на работилници

Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или припаѓаат на маргинализирани заедници, се соочуваат со повеќекратни форми на нееднаквост и дискриминација. Непостоењето на ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја зголемува нивната ранливост.

Проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита – Намалување на корупцијата во здравството“, финансиран од Expertise France, има за цел да придонесе кон зголемување на отчетноста, транспарентноста и интегритетот во здравствениот систем преку јакнење на капацитетите на граѓаните, здравствените работници и институциите.

Во рамките на проектот, Здружение Женски Форум Тетово ги поканува заинтересираните правни субјекти да достават понуда за обезбедување на освежување и оброк за учеснички на работилници.

1. Предмет на набавката

Предмет на набавката е обезбедување на освежување и оброк за носење за учеснички на работилници кои ќе се организираат во рамките на проектот. Понудувачот треба да достави три различни мени опции, при што секое мени треба да содржи:

• освежување (вода, сок, кафе и/или чај);
• лесен оброк погоден за носење;
• единечна цена по лице.


Оброците нема да се консумираат во просториите на понудувачот, туку треба да бидат подготвени за преземање (take away) во договорениот термин.

Нарачките ќе се реализираат сукцесивно, согласно потребите на проектот и распоредот на работилниците. За секоја поединечна нарачка ќе биде потребно да се обезбедат оброци и освежување за најмногу 15 учеснички одеднаш.

Нарачателот ќе избере едно од понудените менија, кое ќе биде предмет на евентуалниот договор.

2. Услови за понудувачите

Понудувачите треба да обезбедат:

• три различни мени опции;
• единечна цена по лице за секое мени;
• можност за подготовка на оброци за носење за најмногу 15 лица по нарачка;
• можност за сукцесивна испорака согласно потребите на проектот;
• можност за издавање фактура;
• усогласеност со барањата на донаторот.


3. Содржина на понудата

Понудата треба да содржи:

• основни податоци за компанијата;
• опис на трите понудени менија;
• единечна цена по лице за секое мени;
• услови за подготовка и преземање на нарачките;
• контакт лице;
• изјава дека понудувачот, доколку биде избран, ќе потпише Изјава под заклетва за критериуми за исклучување и отсуство на судир на интереси.


4. Критериуми за избор

Изборот ќе се изврши врз основа на:

• квалитетот и разновидноста на понудените менија;
• економската најповолна понуда;
• можноста за навремено обезбедување на нарачките;
• претходно позитивно искуство во соработка (доколку има).


5. Рок и начин на доставување

Понудите се доставуваат на адреса:

Здружение Женски Форум Тетово
ул. Никола Тесла бр. 6
1200 Тетово
Рок за доставување на понудите: 24.03.2026 година.

6. Изјава под заклетва (задолжителен услов)
Избраниот понудувач е должен, пред склучување на договорот, да достави потпишана Изјава под заклетва за критериуми за исклучување и отсуство на судир на интереси, согласно барањата на донаторот.
Недоставувањето на оваа изјава претставува основ за неизбор на понудувачот.

7. Дополнителни информации
Организацијата го задржува правото да не избере ниту една од пристигнатите понуди доколку истите не ги исполнуваат потребите на проектот или условите од овој повик.

Датум: 17.03.2026 година
Здружение Женски Форум Тетово
 
Untitled Document
Фото галерија



Untitled Document
 
 
© Women's Forum - Tetovë, Macedonia 2011