Во канцеларијата на Здружението Женски Форум Тетово, од 2003 година постои и функционира Центар за бесплатна Правна помош на жртви од семејно насилство кои се социјално загрозени.
Центарот за правна помош го води експертски тим составен од координатор и адвокат и нуди единствен вид на услуга од ваков тип. Основна цел е обезбедување на бесплатни професионални совети и услуги, поддршка и информации за семејно насилство.
Услугите на центарот за правна помош се достапни на сите лица кои претрпуваат различни облици на семејно насилство, без оглед на пол, навионалност, вероисповед и возраст.